Легендарниот бразилски напаѓач Роналдо одговори на предизвикот на Диего Марадона.
Еден од најдобрите напаѓачи во историјата на фудбалот мораше да го сподели со своите следбеници најубавиот гол во неговата кариера и со тоа да одговори на предизвикот на славниот Марадона.
Тој се одлучи за „слаломот“ на натпреварот помеѓу Барселона и Компостела во сезоната 1996/97.
Потоа дополнително ги предизвика Пеле, Зико и Нејмар. Овој вид забава на социјалните мрежи станува се почест во време на карантин и во отсуство на фудбал.