Ливерпул синоќа го понижи Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд со 5:0.
Љубителите на фудбалот вчера можеа да уживаат во најголемото англиско дерби, но сигурно никој не можеше да очекува каков срам ќе доживеат „црвените ѓаволи“ пред своите навивачи.
Ливерпул како тренинг да имаше на „Театарот на соништата“ и славеше со 5:0, со што му зададе неверојатен удар на најголемиот ривал.
Овој пораз тешко падна и на Кристијано Роналдо, кој тоа најдобро го покажа вчера со својот неспортски потег на крајот од првото полувреме.
Роналдо го фаулираше Џонс, но тој не застана тука и продолжи да ја удира топката што беше со играчот на Ливерпул, иако судијата претходно досуди прекршок од Португалецот.
Овој потег ги налути и играчите на Ливерпул, кои жестоко реагираа, а најмногу се истакнува Вирџил ван Дајк, кој започна судир со Роналдо со цел да ги заштити соиграчите.
Ван Дајк го оттурна Португалецот, но за среќа Роналдо не сакаше да одговори и само се оддалечи од играчите на Ливерпул кои продолжија да се расправаат со Бруно Фернандеш.