Фудбалерите на Јувентус денеска со 2:1 го совладаа Сасуоло и на тој начин го задржа сто процентниот учинок во Серија А.
Во натпреварот од 4. коло Јуве успеа да ја забележи четвртата победа. Старата дама се мачеше во првото полувреме, но на почетокот на второто полувреме успеа да постигне гол, а стрелец во два наврати беше Кристијано Роналдо.
Еден од фудбалерите од противничката екипа се обиде да ја врати топката со глава кон својот голман, но беше невнимателен па ја погоди стативата по што топката се одби и дојде до Ронкалдо кој постигна еден од најлесните голови во кариерата. Само 15 минути подоцна, односно во 65. минута Португалецот излезе сам пред гостинскиот голман и рутински го матираше за 2:0.
До крајот на средбата гостите успеаа да постигнат гол преку Бабакар во судиското надополнување, а подоцна имаа и шанса да дојдат до бод, но резултатот остана 2:1. Јуве е се уште лидер на табелата со максимални 12 бодови, додека Сасуоло останува на седум бодови.