Замената на Кристијано Роналдо во натпреварот Јувентус – Милан во 55. минута предизвика многу врева. Тренерот Сари зборуваше за повреда и проблеми на Роналдо со мускулите кои не му дозволуваат да го даде најдоброто на теренот и така дојде и замената.
https://twitter.com/MrDarKNight88/status/1193658161540022272
Веќе, се појавуваат нови снимка каде изгледа како Роналдо да сигнализира дека не може да продолжи. Снимката се емитуваше неколку минути после замената… Но, многу обожаватели, гледајќи ги минутите горе, мислат дека ова е монтирано.