Ражон Рондо потсети на својата генијалност, а Ентони Дејвис покажа зошто се смета за еден од најдобрите НБА играчи во вчерашната победа на Њу Орлеанс против актуелниот шампион Голден Стејт.
Пеликаните триумфираа во натпреварот бр.3 од полуфиналето на Западната конференција со 119: 100 и го намалија заостатокот до 1-2 по успехот дома. Следниот натпревар е во недела, исто така во Њу Орлеанс.