ФУДБАЛ

ВИДЕО: Саул избра број во Челзи

Саул Нигез е последното засилување на Челзи во летниот преоден рок.

Шпанскиот играч за врска пристигна во Лондон на самиот крај и ќе биде дополнително засилување во средниот ред на актуелниот европски шампион.

Саул избра број за носење во редовите на сините. Се одлучи за бројот 17, кој го носеше Матео Ковачиќ во претходниот период.

Бидејќи хрватскиот играч за врска ја избра славната „осумка“ од оваа сезона, Саул го избра бројот 17, кој исто така му е многу драг.

Тој го носеше овој број на почетокот на сениорската кариера во Атлетико Мадрид и сега повторно ќе го носи.

Шпанскиот фудбалер пристигна во Челзи на едногодишна позајмица, а „сините“ ќе имаат можност да го откупат неговиот договор.

26-годишниот играч го напушти Атлетико по 340 одиграни натпревари и 43 постигнати голови, а пред Челзи играше како позајмен играч во Рајо Ваљекано како тинејџер.