Многу работи се промениле во фудбалот, но се чини дека единствено страста на навивачите останала иста.
Таков пример е МЛС лигата. Од далечната 1996-та до 1999-та година, пред да се променат правилата, мечевите кои завршувале без победник во регуларниот дел, односно на кои било нерешено, се решавале со т.н “Shoot out”.
Тоа е нешто слично како денешните пенали, само што тука фудбалерите со топката тргнувале во центарот и со неа трчале кон противничкиот голман. Ако мислите дека било лесно да се постигне гол во таква ситуација, погледнете го видеото.