Фудбалерите на Реал Сосиедад се пласираа во полуфиналето на шпанскиот Куп на Кралот откако во спектакуларен меч на „Сантијаго Бернабеу“ го совладаа Реал Мадрид со 4:3.
Гостите поведоа кон средината на првото полувреме преку Норвежанецот Одегард, кој игра на позајмица токму од Реал Мадрид. По 11 минути игра во вториот дел Сосиедад доаѓа до големи 3:0. Прво Александер Исак погоди за 2:0, а истиот играч во 56-тата постигнува нов гол.
Три минути подоцна Марсело намали на 3:1, но предноста од три гола во корист на Реал Сосиедад ја врати Мерино во 69-тата минута. До крајот на мечот Реал Мадрид успеа само да го ублажи поразот преку Родриго и Начо.
Вреди да се напомене дека на овој меч за Реал Мадрид поради повреда не настапија Азар, Асенсио, Бејл, Карвахал, Касемиро, Лукас…
Вечерва се игра вториот четвртфинале меч помеѓу Атлетик Билбао и Барселона.