ФУДБАЛ

ВИДЕО: Серхио Рамос ги воодушеви Шпанците: „Овој гол е за тебе брате“

Шпанскиот тим вчера ги порази Фарски Острови со 4:1 во квалификацискиот круг за Европското првенство.

Шпанците одиграа со половина сила против Фарските Острови и на крајот успеаја да слават со 4:1. Еден гол за Шпанија постигна и капитенот Серхио Рамос за водство од 1:0.

Рамос постигна гол од корна, бидејќи тој беше највисок во казнената област на противникот и ја разниша мрежата за водство на неговиот тим.

https://twitter.com/alex59995309/status/1137076419970945026

По погодокот, Рамос ги воодушеви сите со неговата прослава, овој гол го посвети на поранешниот соиграч Хозе Антонио Рејес, кој минатата недела загина во сообраќајна несреќа.

Рамос, исто така, објави на Твитер и јасно изјави дека овој гол е за неговиот брат Рејес чија смрт ја потресе фудбалската јавност.

„Овој гол е посветен на мојот брат Рејес“, напиша Рамос.