Серхио Рамос по цели 16 години го напушти Реал Мадрид и се пресели во ПСЖ. Не успеа да се договори за продолжување на соработката со „Кралевите“. Тој сакаше двегодишен договор, Реал едногодишен и помала плата, по што разделбата беше неминовна.
Голем дел од годините поминати во Реал, Рамос ја носеше капитенската лента на клубот, вклучително и последната сезона пред да замине. Па, така се чини дека и покрај тоа што сега е член на ПСЖ, заборавил дека повеќе ја нема капитенската лента и не е во Реал Мадрид. На официјалното фотографирање и снимање видео, Рамос го облече дресот на ПСЖ, во еден момент посегна по капитенската лента, но сфати дека не е повеќе во Реал Мадрид и дека неа ја нема.
Sergio Ramos looking for the armband and then realizing he's not Real Madrid captain anymore ?
(via @PSG_English) pic.twitter.com/QowLspJXFs
— ESPN FC (@ESPNFC) July 18, 2021