ФУДБАЛ

ВИДЕО: Шмајхел се скрши во текот на минута молк

Лејчестер во натпреварот од 11.коло на Премиер лигата, на гости ги совлада Кардиф со минимални 1:0.

Овој натпревар беше прв по смртта на сопственикот на клубот Вичај Шривадханапраба, кој минатата недела го изгуби својот живот во трагична хеликоптерска несреќа, а во негова чест денес играа Варди и друштвото.

На натпреварот се одржа и минута молк за Вичај Шривадханапраба и неговите соработници кои, исто така, починаа, а стоа посебно емотивно го доживеа голманот на Леsтер, Каспер Шмајхел кој не можеше да ги сопре солзите.

Беше доста емотивно на натпреварот.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига