Репрезентацијата на Аргентина синоќа ја совлада Боливија со 4:1 во рамките на петтото коло од групната фаза на Копа Америка.
Аргентинците продолжија со одлични игри во групната фаза и дојдоа до третата победа, и се на првото место од кое одат во нокаут фазата.
Синоќешниот натпревар го одбележа Лионел Меси кој одигра навистина одлична партија и покажа колку сака конечно да го освои трофејот со репрезентацијата. Меси блескаше на теренот, и успеа да постигне два гола и да заведе една асистенција.
Аргентина поведе во шестата минута кога Меси асистираше за Гомез, кој погоди за 1:0.
Во 33-та минута судијата играше пенал за „гаучосите“, а Меси ја презеде одговорноста и без никаков проблем успеа да ја удвои предноста на својата репрезентација.
Меси беше во центарот на вниманието девет минути подоцна. Серхио Агуеро испрати одлична долга топка за Меси кој лобира кон голманот на репрезентацијата на Боливија и веќе беше 3-0 за Аргентина.
Barcelona fans? Here's a taste of what Messi X Agüero can do for you together next season 🇦🇷pic.twitter.com/CX0rThQRHo
— 101 Great Goals (@101greatgoals) June 29, 2021
Боливија успеа да ја намали предноста во 60. минута кога Саведра погоди за 3:1 на асистенција на Јустинијан.
Сепак, само пет минути подоцна Аргентинците решија сè. Во центарот на вниманието беше Лаутаро Мартинез кој влезе во игра само две минути подоцна и ги постави конечните 4-1.
Аргентина е прва во групата со десет бода, а втора е селекцијата на Уругвај, која има три бода помалку. Парагвај има шест бода, а четвртопласираниот Чиле со еден бод помалку. Боливија е закован на дното на табелата без бодови.