„Кралевите“ се на чекор до освојување на титула, бидејќи на три кола до крајот имаат четири бодови повеќе од Барселона. Во центарот на вниманието по мечот и победата над Алавес со 2:0, се најде Герет Бејл.
Шпански „Гол“ објави видео снимка на која се гледа што прави Бејл на клупата за време на напреварот. Она што ги налути навивачите е тоа што тој дури заспа од што му беше досадно на клупата. На овој начин Бејл јасно покажал дека неговата приказна во Реал е завршена. Се чини дека двете страни едвај чекаат сезоната да заврши за да се разделат.
? ¿Cómo ha vivido @GarethBale11 el partido desde la grada?
? ¡Lo vemos a continuación! pic.twitter.com/c0GmeSTU3C
— GOL (#VolverEsGanar ?⚽️) (@Gol) July 10, 2020