Атлетико Мадрид успеа да ги врати работите на почеток на натпреварот против Ливерпул за околу 15 минути.
Гостите многу добро влегоа во натпреварот и многу брзо стигнаа до 0:2, а потоа блесна Антоан Гриземан.
Французинот летово се врати во Мадрид каде ги помина најдобрите денови во кариерата, а против „црвените“ потсетува на неговите најдобри изданија.
Тој погоди прв во 20 минута за да го намали резултатот кога за влакно избегна офсајд позиција, а во 34 минута израмни.
Вториот гол го натера Диего Симеоне да полуди на клупата. Погледнете што се случи.
https://twitter.com/i/status/1450546635520552964