ФУДБАЛ

ВИДЕО: Силекс со шест голови во мрежата на Вардар, најтрофејниот клуб „тоне“ кон Втора лига

Екипата на Силекс со убедливи 6:0 славеше во пресметката со Вардар на домашен терен. Со ова најтрофејниот клуб се најде на 11-то место, кое носи директно испаѓање во Втората лига. Засега само Беласица има послаб учинок од „црвено-црните“. Токму против нив Вардар ја забележал последната победа и тоа во декември 2020-та. Осум кола по ред најтрофејниот клуб не знае за триумф.

А, Силекс одигра перфектно. По само три минути Ристов со еврогол од слободен удар го отвори резултатот. Во 15-та Карчевски зголеми на 2:0, резултат со кој заврши првиот дел. Потоа Ристов уште еднаш и Георгиев со хет-трик ја запечатија судбината на Вардар на овој меч.

ПМФЛ, недела 26.коло

Академија ПандевШкупи 0:1

Беласица – Македнија ЃП 0:2

Борец – Струга Трим Љум 0:1

Ренова – Шкендија 0:3

Силекс – Вардар 6:0

Сабота:

РаботничкиПелистер 3:1

Табела: Шкендија 59, Шкупи 49, Македонија ЃП 44, Струга Трим Љум 40, Работнички 39, Борец 33, Пелистер 32, Академија Пандев 31, Силекс 29, Ренова 27, Вардар 27, Беласица 14.

 

 

ПОВРЗАНО

ВардарШкендијаРаботничкиАкадемија ПандевПелистерСилексШкупиСтругаГоран Пандев