ТАЈМАУТ

ФОТО+ВИДЕО: Сите заминаа, а Иниеста седи сам на центарот

Барселона синоќа ја прослави 25. титула во Ла Лига. Натпреварот против Реал Сосиедад беше во знак на титулата, но и во знак на збогувањето на Иниеста.

Во чест на големата легенда на Барселона сите играчи на теренот излегоа со дрес со број осум, а Шпанецот кој со Барса освои 32 трофеи, по завршувањето на церемонијата со сати седеше на Камп Ноу.

Имаше солзи, Иниеста и многу околу него не можеа да не ги покажат емоциите, а на интернет кружат и фотографии како Иниеста седи сам на стадионот кој е потполно празен.

Фотографиите на Иниеста како седи сам на мрачниот и празен Камп Ноу ќе останат во историјата.

Остана некое време да го „враќа филмот“, да се потсети на сите трофеи, потези, солзии сите оние работи кои го прават фудбалот посебен

https://twitter.com/BarcaUniversal/status/998344398592233472?tfw_creator=sportsport&tfw_site=sportsport&ref_src=twsrc%5Etfw&ref_url=https%3A%2F%2F

ПОВРЗАНО

Ла Лига