ЛА Лејкерс иако пред стартот на сезоната беше означен како главен фаворит за титулата заедно со Бруклин нетс, сè уште нема триумф, а играчите почнаа да се тепаат меѓу себе. По поразот од Голден Стејт во првиот натпревар, Лејкерси утринава загубија од Феникс, но главната вест е дека Ентони Дејвис и Двајт Хауард во втората четвртина при еден тајм-аут почнаа да се туркаат на клупата на Лејкерси по што соиграчите спречија поголема тепачка и поголем срам. Дејвис му беше лут на Хауард кој пак стана од столчето и веднаш беше турнат од крилниот центар, по што кошаркарите беа раздвоени од нивните соиграчите. Дека атмосферата не е добра кај Лејкерси на почетокот од сеозната говори и податокот дека и Ражон Рондо влезе во вербален дуел со еден навивач во „Стејплс центарот“.
More complete video of Howard-Davis altercation, starting from walking off the court when the timeout is called. pic.twitter.com/3JQ7FaTWtb
— Matt Petersen (@TheMattPetersen) October 23, 2021