Пред само неколку дена мега популарниот албум со сликички Панини пристигна во Македонија. Голем број на македонски граѓани побрзаа да го купат, а со тоа и да лепат сликички. Се разбира оправдано интересот е голем, со оглед на тоа дека за прв пат на Панини албумот ја има и селекцијата на Македонија. Еден скопјанец на неговиот Инстаграмм профил се пофали дека за два дена го пополнил целиот албум, како ги има и сите фудбалери на македонската фудбалска репрезентација.