Босанскиот тенисер Дамир Џумхур во овие моменти игра против Александар Зверев на Ролан Гарос.
Една ситуација го одбележа третиот сет. Имено, по еден поен, Џумхур тргна да ја фати топката, а истото сакаше да го направи и детето кое треба да ги собира топките.
Тие не се видоа еден со друг и се судира, а подебел крај го извлечен собирачот на топките кој остана да лежи на теренот неколку секунди. За среќа, се заврши добро, и изгледа дека е се во ред со момчето.
https://twitter.com/SBSSport/status/1002512914517880832