Најголемото изненадување во Лигата на шампионите, Шериф Тираспол, за кој настапува нашиот Бобан Николов немаше сили за нова сензација. Откако во претходните две кола ги совлада Шахтјор на домашен терен, а потоа и Реал Мадрид на гости, синоќа на „Џузепе Меаца“ загуби со 3:1 од Интер.
Но, и на овој меч, како и на дуелот со Реал Мадрид, Себастијан Тил постигна фантастичен гол. Се чини дека тој кога постигнува погодок тоа се вистински евроголови. Фантастичен гол постигна за победа против Реал од 2:1, а синоќа од слободен удар на прекрасен начин го совлада Хандановиќ.
Голот на Себастијан Тил против Интер е на 05:10 минути во видеото
Голот на Себастијан Тил против Реал Мадрид