Вистински спектакуларен меч, неверојатен може да се каже, се одигра во Србија во рамките на второто квалификациско коло од Лига Европа. Актери беа домашниот тим Бачка Топола и романскиот ФЦСБ, или поточно речено поранешна Стеауа, славен романски тим и поранешен европски првак.
Мечот заврши со резултат 6:6, победникот се решаваше на пенали, поуспешни беа гостите. На овој меч домаќините имаа и два црвени картони. Гостите допатуваа во Србија без девет првотимци и без стручниот штаб, поради проблемите со коронавирусот.