Двa голман кој 20 години доминираат на ракометните и фудбалските полиња во моментов се членови на истиот тим – ПСЖ, а за официјалниот сајт прв пат во својата кариера некој ги поврзал во еден интересен прилог.
Буфон не се бунеше Омејер да ги тестира неговите ракометни вештини, а новинарите на клубската телевизија не ни овозможиа да видиме како ќе се снајде Омејер меѓу фудбалските стативи.
Омејер го интервјуирал Буфон за живот во Париз, а интересно е дека на Италијанецот не му требаше долго време за да го совлада францускиот јазик. Единствена замерка може да е тоа што не знаел колку е долг ракометниот терен.
Омејер во анкетата на Интернационалната ракометна федерација (ИХФ) беше избран за најдобар ракометен голман на сите времиња. За него гласаа дури 93% од посетителите, од кои вкупно 4.000.
Институтот за фудбалска историја и статистика Џанлуиџи Буфон, го прогласи како најдобар голман на сите времиња.