Јувентус го доби дербито со Наполи во Торино, Роналдо асистираше, Манџукиќ стрелаше за победа од 3-1 и нови три бода за актуелниот шампион.
Наполи дојде во водство со голот на Дрис Мертенс во десеттата минута, но Марио Манџукиќ беше творец на пресвртот. Хрватот израмни во 26.минута, а во вториот дел донесе и предност за својот тим во 49.минута.
Наполи остана со играч помалку по исклучувањето на Марио Руи, а Леонардо Бонучи во финишот го постави конечниот резултат.