Хајдук како гостин го совлада Динамо Загреб во големото дерби во Хрватска, забележувајќи ја четвртата победа во низа. Сега Хајдук е на третото место, а Динамо на четврто. Овој меч изобилуваше со се и сешто, а имаше инцидент по последниот свиреш. Една од главните улоги ги имаше нашиот Стефан Ристовски кој нападна противнички фудбалер, сакаше и да се пресмета, но го спречи Јани Атанасов кој настапува за Хајдук.