Луис Суарез ги започна подготовките за да се врати на полето за играње за Барселона по операцијата на коленото.
Уругвајскиот напаѓач во средата вечер објави видео на Инстаграм, на кое се гледа како тренира во теретана, пренесува весникот „Експрес“.
Во принцип, се очекува Суарез да отсуствува до мај, но тој треба да се врати наскоро откако веќе го започнал процесот на фитнес рехабилитација.
Неговото рано враќање би било фантастична вест за тренерот на Барселона, Сетиен, кој има сериозни проблеми во напад, бидејки и Усман Дембеле е повреден.
„Фокусирајте се на иднината“, напиша Суарез во описот на видеото објавено на Инстаграм.
https://www.instagram.com/p/B9UBS6_oRfl/?utm_source=ig_embed