Арсенал и ПСЖ во Сингапур го одиграа пријателскиот натпревар, а „Топчиите“ славеа со 5:1.
Капитен на Арсенал во овој натпревар беше Месут Озил, а Германецот со капитенската трака го постигна водечкиот погодок, а подоцна кажа дека е навистина среќе што нему му припадна големата чест.
Во тунелот пред почетокот на натпреварот судијата побара од Озил автограм, а таквите работи се реткост во фудбалот.
За да овој необичен натпревар биде потполн придонесоа и судиите кои наместо паричка пред почетокот на натпреварот фрлаа кредитна картичка, кога се одлучуваше на кого ќе му припадне страна и кој прв ќе започне од центарот.
Ozil signing the refs yellow card before Arsenal’s friendly with PSG today 😂 https://t.co/zVnjIIj7BB
— DMV Soccer (@DMVSoccer96) July 28, 2018
https://twitter.com/itsHobbzy/status/1023171316634005504