ФУДБАЛ

ВИДЕО: Тешка повреда и солзи за крај на сезоната за Нејмар

Бразил го порази Катар со 2:0 со голот на Ричарлисон и Габриел во пријателскиот натпревар, но овој натпревар беше обележан со повреда на најскапиот играч во светот, Нејмар.

Откако загуби добар дел од сезоната поради повреда на ногата, Нејмар повторно доживеа многу сериозна повреда.

https://twitter.com/JuanDirection58/status/1136485659206701056

Тој илезе во 20 минути по натпреварот откако претрпе повреда на лигаментите на зглобот во натпревар со еден противник.

Се разбира, тоа не можеше да биде без солзи. Првата ѕвезда на ПСЖ заплака на клупата, а потоа со помош на персонал беше однесен во соблекувалната.

Бразилската фудбалска асоцијација потврди дека станува збор за повреда на десните лигаменти на зглобот и дека Нејмар нема да игра во претстојната Копа Америка.

Ова е само уште една по ред лоша вест за бразилскиот фудбалер кој неодамна доживеа вистинска драма откако беше обвинет за силување.

Тоа е тажен и болен крај на сезоната за еден од најдобрите фудбалери во светот.