ФУДБАЛ

ВИДЕО: Тинејџерот кој го сакаше „половина“ Европа, за 20 минути постигна хет-трик на дебито за Борусија

Дортмунд не се одкажува од пласман во Лигата на шампионите.

На денешниот натпревар херојот на „милионерите“ беше Ерлинг Халанд кој поситна хет-трик за 20 минути.

Ерлинг Халанд го запиша своето деби за Дортмунд, сигурно долго ќе го памти овој натпревар, бидејки постигна хет-трик во 20 минути.

Иако во првото полувреме не беа толку активни фудбалерите на Дортмунг и губеа со 1-0, во второто полувреме направија пресврт и славеа со 5-3.

Нидерлехнер го отвори резултатот во 34. минута и му додеде водство од 1-0 на Аугсбург.

Во второто полувреме Марко Рихтер, со голот во 46. минута и водство на домаќините од 2-0 им создаде големи проблеми на „милионерите“, но Брант во 49. минута постигна гол за 2-1 и ги врати надзежите на „милиноерите“.

Нидерлехнер повторно беше прецизен во 55. минута и Дорминд повторно западна во големи проблеми, но по влегувањето на Ерлинг Халанд во игра во 56. минута, се промени играта на теренот.

Во 59. минута Ерлинг постигна гол за 3-2, а само 2 минути подоцна Санчо во 62. минута го израмни резултатот на 3-3.

Победничките голови Ерлинг ги постигна во 70. и 79. минута.

Дортмунд со оваа победа се наочѓа на 4. позиција со 33 бода, а исто толку има и Баерн кој е 3. и Шалке кој е 5.