Франческо Тоти веќе некое време не игра професионален фудбал, но во меѓувреме понекогаш игра мал фудбал.
Така, Тоти играше во италијанскиот шампионат во футсал и на крајот го освои Скудетото со победа против Лацио.
Голот за победата го постигна легендарниот капитен на Рома, кој ја затресе мрежата на „Небесно плавите“ со проектил од околу 15 метри.
Тоти постигна гол за 2:1, а во тимот заедно со него играше и поранешниот напаѓач од Серија А, Антонио Флоро Флорес.
Новинарите го прашаа Тоти кое достигнување е подобро дали ова освојување на Скудетото или Лигата на Европа со Рома , тој го избра второто и со тоа уште еднаш покажа што му значи „Волчицата“.
#Totti vince lo scudetto del calciotto, decisivo il suo gol contro la #Lazio pic.twitter.com/hgazYncuRb
— calciomercato.com (@cmdotcom) July 21, 2020