Фиорентина доминираше вечерва против Јувентус во полуфиналето на Купот на Италија, но пред полните трибини на Артемио Франки беше поразен со 1:0.
Фудбалерите на Фиорентина промашија се што можеа, а казната за промашувањата дојде во судиското надополнување на натпреварот на најболен можен начин.
Нафрлување од десната страна го погоди Лоренцо Венути и завршува во мрежата за победа на Јувентус.
Несреќниот дефанзивец на домашниот тим не можеше да поверува што му се случи. Тој беше неутешен откако ја виде топката во мрежата и заплака на теренот.
Апсолутно сите се обидоа да му дадат утешни зборови, меѓу нив и Душан Влаховиќ, но човекот едноставно не можеше да се смири.
Вечерва сигурно му е најтешко, но има и реванш. Јувентус не е непобедлив, но Фиорентина ќе мора да победи со два гола разлика во Торино бидејќи во ова натпреварување се уште важи правилото за гол на гости.