Македонскиот првак по трет пат се пласираше на Фајнл Фор турнирот во Келн. Иако беше блиску до бездната, сепак успеа да го преброди жешкиот терен на противникот и да застане рамноправно со Барселона, Келце и Веспрем на патот кон нов трофеј од Лигата на шампионите.
Сепак вардарци ќе го паметат гостувањето во Сегедин, не само по резултатот, играта и карактерот во второто полувреме туку и по инцидентот кој се случи на крајот на натпреварот, а своја кулминација имаше кога шпанскиот стратег на клупата на Сегед му се обратил со погрдни зборови, на неговиот поранешен играч, а сега предводник на противничкиот табор.
Токму тоа и беше тема на едно од новинарските прашања, но Пастор немаше ниту вистински одговор ниту трпение за новинарите кои го испочитуваа и дојдоа на редовната прес-конфенеција. Тренерот на Вардар сепак остана до крај и се обиде да ја објасни ситуацијата од крајот на натреварот и погрдните зборови кои искусниот Пастор ги упатил кон неговиот помлад колега.
Кога сфатија и унгарските новинари кои го одржуваат сајтот и социјалните медиуми на клубот Пик Сегед, што се случува се одлучија да го завршат преносот на прес-конференцијата на нивниот канал и да стават крај на срамот кој им го приреди нивниот тренер.
Извор: 24rakomet.mk