Лидерот на табелата во Премиер лигата, Манчестер Сити попладнево ја постигна осмата победа во низа откако на гостински терен го совлада тимот на ВБА со 3:2.
По 10 одиграни кола во Премиер лигата „граѓаните“ имаат девет победи и само едно реми.
На гостувањето кај ВБА, Манчестер Сити поведе со голот на Лирој Сане во 10.минута, а три минути подоцна изедначи Џеј Родригез. Ново водство за Манчестер Сити донесе Фернандињо во 15.минута, а Рахим Стерлинг зголеми на 3:1 во 64.минута. Поразот го намали Мет Филипс во 90+2 минута.
Манчестер Сити е прв на табелата со 28 бодови, пред Манчестер Јунајтед со 23, а Тотенхем е трет со 20.