Репортерот на Скај Спорт Гери Котерил, направи бизарна грешка во текот на јавувањето во живо од тренинг центарот на Тотенхем. Имено, тој известуваше за напаѓачот Хари Кејн, кој како што е познато инсистира на трансфер во Манчестер Сити.
Sky sports reporter Gary Cotterill has accidentally called Manchester City ‘Manchester Shitty’ ??????? pic.twitter.com/hpY0rXNnoG
— Devils of United ? (@DevilsOfUnited) August 3, 2021
Е, сега, репортерот наместо Сити, рече „Шити“ или, а во превод од англиски на македонски сите добро знаат што значи тоа.
Ова негово јавување во живо стана хит на социјалните мрежи, а особено меѓу навивачите на останатите англиски клубови, ривали на Манчестер Сити.