Две поранешни одбојкарки заедно со своите ќерки загинаа во сообраќајна несреќа во сојузната држава Мисури, јавуваат медиумите во САД.
Станува збор за Лесли Друри Пратер (40) и Кери Уртон Меки (44) кои одеа на турнир во Канзас сити со своите ќерки Рајан (12) и Кејси (12).
Од силината на ударот автомобилот се превртел, а сите четири лица загинале на лице место.
Извор: Слободен печат