Вардар како второлигаш се пласираше во четвртфиналето од Купот на Македонија откако по изведувањето на пеналите го совлада Скопје со 4:2. Регуларниот дел, заврши без голови. Иако имаше добар фудбал, со многу шанси на мечот одигран во Маџари на стадионот „Борис Трајковски“, сепак межите мируваа и победникот мораше да се решава преку пенали.
Екипата на Шкендија ја прегази Ренова, градскиот ривал со 5:0. Во четвртфиналето од Купот на Македонија патува и Македонија Ѓорче Петров, која беше подобра од Академија Пандев исто така по пенали (1-1 регуларен дел, 5-6 крај).
Резултати Куп на Македонија, осминафинале:
Академија Пандев – Македонија ЃП 1:1 (5:6 на пенали)
Беласица – Силекс – 2:4
Брегалница – Охрид 4:0
Пелистер – Рабтнички 1:0 (по продолженија)
Шкендија – Ренова 5:0
Струга – Борец 1:1 (5:4 на пенали)
Вардар – Скопје 0:0 (4:2 на пенали)