ВИДЕО: Вестбрук за три секунди од својата половина до забивање

Written by

in

Кошаркарот на Оклахома, Расел Вестбрук ноќеска на дуелот со Шарлот во средината на третиот период прифати една топка на својата половина и за само три секунди го претрча целиот терен и со спектакуларно забивање ја заврши акцијата.

Вестбрук натпреварот го заврши со 30 поени, седум асистенции и четири скока, но и тоа се покажа недоволно Оклахома Сити да го избегне поразот (103:116).

За „Тандер“ ова беше 14 загубен дуел по што се наоѓаат на 9.место во Западната конференција од НБА лигата.

Шарлот стигна до својот 10. Триумф и сега се на 13.место во Источната конференција.