Кристијано Роналдо до еден од најдобрите играчи во светот стигна со неверојатна и тешка работа и иако постигна се што е во светот на фудбалот, тој сè уште не се откажува.
Фудбалерот на Јувентус е во Дубаи со своето семејство на кратка пауза пред сезоната, но нема пауза за него. Португалскиот фудбалер секој ден тренира во теретана, па дури и со пријателите трча по улиците на Дубаи.
Роналдо ова утро се појави на Фејсбук со видео од теретаната и покажа уште еднаш дека неговото семејство нема одмор. До него во теретаната се Георгина и неговиот најстар син, Кристијано Јуниор, кој очигледно сосема сфатил на кој начин мораше да тренира ако сака еден ден да биде како негоиот татко.
https://www.facebook.com/Cristiano/videos/391571798333552/