ТАЈМАУТ

ВИДЕО: Во тек е пријавување за третиот меморијален турнир “Валентин Стефановски”

Трета година по ред ќе се одржи меморијалниот турнир во мал фудбал “Валентин Стефановски” во Демир Хисар, почнувајќи од 19. ноември.

Турнирот е организиран во чест на прерано починатиот Валентин Стефановски.

Како и минатата година и оваа година наградниот фонд е над 2.500 евра, но и покрај тоа има и индивидулни нагрдни за најдобар стрелец, најкорисен играч и најдобар голман.

Организаторите на турнирот, Здружението на граѓани “Валентин Стефановски” очекуваат и оваа година на овој турнир покрај екипи од повеќе региони во Македонија, да има екипи и од соседна Грција, а бројот на екипи да порасне преку 50.

https://www.facebook.com/turnirdemirhisar/videos/1898372770203252/

За сите заинтересирани кои сакаат да се пријават на овој турнир во прилог ви го доставуваме официјалниот плакат на турнирот: