Португалскиот репрезентативец Кристијано Роналдо со нетрпение чека да продолжи сезоната во Серија А и Лигата на шампионите.
Ковид-19 има стопирано скоро сè во светот на фудбалот, оставајќи ги играчите индивидуално да вежбаат во своите домови за да останат подготвени за продолжување на сезоната.
На sвездите на Јувентус им помагаат децата. Тој во моментов има четири деца, а тој избра две деца кои ќе му помогнат да вежба.
Наместо да крева тегови, тој децата ги подигна во воздухот и служеа како товар за неговите стомачни мускули.
Се разбира, сè беше направено пред се за забава и на крајот испадна многу убаво.
Погледнете сами:
https://www.instagram.com/tv/B-6_3FugRaE/?utm_source=ig_embed