ЕХФ уште пред еден месец почна да ги претставува репрезентациите кои ќе бидат дел од годинешново Европско првенство, на кое учествува и Македонија.
Национален ракометен херој, разбирливо за нас е Кире Лазаров.
Дебитирал против Белгија на 23-ти септември 1998-ма година и од тогаш е вистински лидер на ракометарите и еден од најдобрите во Европа.
Одиграл 204 мечеви, а запишал 1431 погодок. Рекордер по бројот на постигнати голови на едно ЕП и тоа во 2012-та, 61, но и рекордер на Светско првенство по бројот на постигнати голови, 92 во 2009-та година.
Прв ракометар кој ја надминал бројката од 1000 погодоци во Лигата на шампионите. Два пати најдобар стрелец во ЛШ.
Оваа најава е сосема доволна како „загревање“ за вечерашниот меч против Украина, а од Кире секако се очекува најмногу. ЕХФ вели, Македонија може да почне да сонува.