Од Австрија ни пристигнуваат неверојатни сцени од подготовките на италијански Торино.
Се појави видео на кое се гледа тепачка помеѓу тренерот на Торино Иван Јуриќ и спортскиот директор Давиде Вањати.
Торино се подготвува во Австрија за стартот на новата сезона во Серија А, а тепачката изби откако на гости кај тимот дојде Вањати.
Јуриќ бил фрустриран поради тоа што клубот не му дозволил да ги доведе играчите кои ги сака летово.
На видеото се гледа тепачка, но се слушаат и многу остри зборови.
Torino manager Ivan Jurić and sporting director Davide Vagnati got into a fight today, just 17 days before Torino’s season starts.
Vagnati: “I make the squad.”
Jurić: “You don’t make s**t.” pic.twitter.com/7FHYJoeSW1
— Zach Lowy (@ZachLowy) July 27, 2022
Ова секако осамна на италијанските медиуми, стана водечка вест за време на подготовките на клубовите од Серија А, а како сето тоа ќе се одрази на атмосферата во редовите на Торино ќе покаже времето.
Инаку популарните Бикови во последно време беа многу повлечени на трансфер пазарот, а минатата сезона навивачите беа незадоволни и од некои изданија.
Навивачите сакаат клубот да биде блиску до борба за европските натпреварувања, но се чини дека се далеку од тоа.
Ќе видиме што ќе се случи во новата сезона.