ВИДЕО: Златан е незапирлив во МЛС, но тоа не му помага на ЛА Галакси

Written by

in

Фудбалерите на Далас славеа победа на гостински терен против ЛА Галакси со 3:2 во американската МЛС лига.

Далас игра одлично уште од почетокот на сезоната, за разлика од Галакси, кој едвај успева да врзи две добри резултати во серија, иако има многу добар тим.

Гостите го презедоа водството во 33. минута кога Холингхед постигна  гол за 0:1, а само седум минути подоцна Колман успеа да го зголеми водството на 0:2.

На почетокот на второто полувреме, Груезо постигна нов гол за гостите од Далас. Сепак, до крајот на натпреварот Златан Ибрахимовиќ се разбуди и постигна два гола. Швеѓанецот првиот гол го постигна за 1: 3 во 69. Минута, а потоа постигна уште еден гол за конечен резултат од 2:3 на натпреварот.

Далас сега е на втората позиција со 23 бодови, додека Галакси е на осмата позиција со 16 бодови.