Осасуна впишаа значајни три бода во директниот дуел за гол прволигашки живот со Еспањол на стадионот „Ел Садар“ во Памплона. Роберто Торес го постигна единствениот гол н мечот од пенал во 51 минута.
Со овие три бода Осасуна е се поблиску до безбедната зона и „плови“ кон средината на табелата, а Еспањол останува закован на дното со само 20 освоени бодови. Попладнево и вечерва се играат преостанатите четири натпревари од 27. коло.