Крис Мидлтон беше погоден во уста на средината на втората четвртина и ја напушти играта во поразот на Милвоки Бакс од Њујорк Никс со 109-122. Мидлтон падна на подот откако њујорчанецот Донте ДиВинченцо ненамерно го удри со тупаница по лицето. Додека Мидлтон лежеше на стомак, центарот на Никс, Исаја Хартенштајн слета на грбот на напаѓачот на Бакс. Мидлтон се упати кон соблекувалната со крв што му течеше од устата. Подоцна во текот на натпреварот, Бакс објавија дека играчот нема да се врати на теренот.
Тренерот на Бакс, Док Риверс, изјави дека на Мидлтон му недостига заб и дека мора да оди на стоматолог по натпреварот.
https://twitter.com/current_monitor/status/1777175637607821351?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1777175637607821351%7Ctwgr%5E1d87c9edd632630acf9219264a5be9f9205af90a%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fgong.bg%2Fbasketball%2Fnba%2Fmultimedia%2Fvideo%2Fzvezda-na-miluoki-ostana-bez-zyb-786149
Џанис Антетокунмпо се врати на теренот откако го пропушти поразот од Торонто Репторс и заврши со 28 поени, 15 скока и 8 асистенции против Никс. Тоа беше само четврти пат во последните 29 натпревари сите тројца најдобри играчи на Бакс — Антетокунмпо, Мидлтон и Демијан Лилард — беа достапни.
Пред да се повреди Мидлтон за 13 минути имаше 5 поени, 4 скока и 2 асистенции.
