Немања Видиќ долги години беше столб на одбраната на Јунајтед заедно со Рио Фердинанд, а сега има големи очекувања од тандемот Мартинез – Варан.
Лисандро Мартинез пристигна минатата година од Ајакс и се претстави добро во првата сезона, додека Варан е на „Олд Трафорд“ веќе една сезона.
„Мартинез беше фантастичен во првата сезона. Тој е енергичен, агресивен, го поставува темпото одзади. Беше повреден некое време, но јас го гледав после тоа. Изгледа дека добро му оди во текот на процесот на опоравување. Тој е подготвен да се натпреварува оваа сезона.
Варан има големо искуство. Мислам дека двајцата имаат добро партнерство.
Имаа многу натпревари без примен гол минатата сезона“, изјави Видиќ.
🧱 Nemanja knows a thing or two about creating a formidable defensive partnership…#MUFC
— Manchester United (@ManUtd) August 16, 2023
