Во последниот натпревар од саботната програма од 14. коло на англискиот фудбалски шампионат, Лестер Сити го совлада Евертон со 2-0 (1-0) како гостин на „Гудисон Парк“.
Тилеманс (45) ги доведе гостите во водство со спектакуларен гол од преку 20 метри во финишот на првото полувреме, а Барнс (86) со додавање на Медисон ја потврди победата.
Голот на Тилеманс за 1:0 речиси сигурно ќе конкурира за најубава сезонава во Премиер лигата.