Словенечкиот премиер Јанез Јанша упати критики на адреса на УЕФА и нејзиниот претседател Александар Чеферин, кој исто така е од Словенија.

-Нивниот потез беше не само криминален, туку и алчен и неодговорен. Поради тоа ширењето на коронавирусот ја загрози и нашата земја. Мечот на „Сан Сиро“ во Милано помеѓу Аталанта и Валенсија беше биолошка бомба, по овој меч ништо повеќе не беше исто, изјави и Јанша, потоа додаде:
-Иако светската здравствена организација предупреди и прогласи пандемија, тоа не беше доволно УЕФА да ја прекине Лигата на шампионите и Лига Европа. Тоа е доказ дека работат само за пари, вели Јанша.