Фудбалерот на Ливерпул, Георгинио Вијналдум, ќе го напушти Ливерпул на лето.
Според италијанските медиуми, холандскиот репрезентативец не планира да остане на „Енфилд“ и наводно веќе договорил сè со Интер, чиј член ќе биде од новата сезона.
Веќе подолго време се шпекулираше дека 30-годишниот Холанѓанец најверојатно ќе го напушти „Енфилд“. Неговиот договор истекува во јуни и нема многу индиции дека ќе биде обновен. Како резултат, играчот за врска е мета на неколку големи европски клубови.
Имаше голем интерес од Барселона и ПСЖ, но на крајот тој сепак го избра Интер.
„Колку што знам, тој веќе му вети на Интер и како слободен агент ќе дојде во Италија“, изјави новинарот на Спорт Медијасет Сандо Сабатини.