ФУДБАЛ

Виљареал славеше минимална победа против Мајорка, Гетафе во трка за пласман во ЛШ

Виљареал на домашен терен ја пречека Мајорка, во натпревар во рамки од 29. коло од Ла Лига.

Единствениот гол на натпреварот го постигна Карлос Бака во 16. минута за победа на домаќините.

Виљареал  со оваа победа се искачи на 7. место и има 44 бода, додека Мајорка останува во зоната на отпаѓање, има 25 бода и се наоѓа на 18. место.

Гетафе иако одигра нерешено против Еспањол, влезе во трката за Лигата на шампионите.

Иако Гетафе како домаќин беше фаворит за ово натпревар сепак мрежите на головите останаа недопрени. Еспањол уште од 16. минута беше со играч помалну, но домаќините не ја искористија можноста од играч повеќе, за да постигнат гол.

Гетафе моментално се наоѓа на 5. место со 47. бода, пред нив се наоѓа Реал Сосиедат со исто толку бода но натпревар помалку, а зад нив се Атлетико Мадрид со  бод помалку и натпревар помалку.

Еспањол се наоѓа на 19. место со 24 бода, а доколку продолжи со ваква игра, следната сезона ќе се натпреварува во понискиот ранг.

 

ПОВРЗАНО

Ла Лига