Крилниот напаѓач Вилфред Заха реши да им помогне на здравствените работници во Лондон среде пандемија на коронавирус.
Брилијантниот англиски офанзивен премиерлигаш, кој често се поврзува со великани како Арсенал или Манчестер Јунајтед, им се придружи на богатите островјани кои им помагаат на здравствените работници таму.
Тој потврди дека неговиот имот во Лондон, околу 50 станови, им ги остави на користење на медицинскиот персонал кој лекува лица заразени со коронавирус.
Заха веќе некое време заработените пари од фудбал ги вложва во недвижнини во Лондон, па тој сега реши да биде хуман кон на лондонските здравствени работници доколку им треба сместување после работното време и ако им е тешко да се вратат дома.
Тој, наводно, бил веднаш контактиран од две болници и Заха, како што вети, своите станови им ги дал на персоналот во овие здравствени установи, а тамошната јавност беше воодушевена од неговиот потег и го пофали.